АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Љубе Кузманоски од Новаци го посети стопанскиот двор на ЈП за комунален отпад од Дуги Рат, Хрватска ,каде што учествуваше на презентацијата на Планот за управување со комуналниот отпад и негова рециклажа. Двете општини се збратимени шест години, а делегација на Општина Новаци деновиве беше во посета на пријателите од Хрватска. Договорена е соработка на повеќе полиња.
"Двете општини како долгогодишни пријатели, треба да воспоставиме поблиска соработка и на полето на ЛЕР и на економијата.Наша обврска е да ги воспоставиме врските меѓу бизнис заедниците, а тие понатаму ќе ја трасираат својата соработка. Општина Новаци и општина Дуги Рат имаат големи потенцијали за развој, а соработката со Дуги Рат која се одржува веќе 6 години значи дека бизнисмените оттаму може лесно да остварат контакти со овдешните стопанственици",истакна градоначалникот Кузманоски .
Градоначалникот на општина Дуги Рат,Јерко Роглиќ, го изрази своето задоволство и чест што нивната општина е домакин на гостите од збратимената општина Новаци и изрази надеж дека во иднина ќе продолжи ова пријателство на повисоко ниво затоа што овие две збратимени општини имаат многу заеднички цели и потреби .