2win800x200

Хуманитарна „Трка на радоста“ за почеток на учебната година

Август 22, 2019

Ученици од Битола и од Скопје новата учебна година ќе ја почнат со хуманитарна „Трка на радоста”. Манифестацијата ќе се одржи на 1 септември во двата града, односно на Градското шеталиште во Битола и во Градскиот парк во Скопје. Оваа манифестација ја организира TVB.mk, првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на децата и тинејџерите.

– На 1 септември ќе ги исполниме градските шеталишта со детски џагор и радост. Трката е од ревијален, а не од нетпреварувачки карактер. Секое дете кое ќе ја помине целта ќе добие медал. Трката на некој начин е борба со самиот себе да стигнеш до одредената цел. Целиот настан има и хуманитарен карактер, затоа што средствата што децата ќе ги уплатата за регистрација на трката, ќе се донираат за школски прибор за деца од загрозени семејства. Ова е уште еден убав момент децата да видат дека со нивното учество придонесуваат да усреќат и да го олеснат новото животно поглавје на некој нивни врсник, рече на денешната прес конференција Весна Божиловиќ, иницијатор и организатор на хуманитарната „Трка на радоста“.

„Трката на радоста“ ќе се одвива во две трки. Првата, „Првачињата трчаат“ ќе се реализира на 200 метрии и  е наменета за деца на возраст од 5 и 6 години, односно на првоодделенците, а   трката „Учениците трчаат“ ќе биде на 500 метри и ќе учествуваат децата од 7 до 12 години. Стартната позиција е пред Спортската сала во Битола, а во Скопје пред Градски парк „Школка“

-За сите учесници има стартни пакети, бројот е ограничен, и во него има маичка, капче со логото на настанот. Секој може да аплицира до 28 август на сервисот smart race. На крајот од трката ќе има забавна програма и лотарија, која е изненадување од организаторот, рече Божиловиќ.

Хуманитарната „Трка на радоста” е поддржана од компанијата „Бучен Козјак” од Куманово, која е покровител на настанот, како и од Советото на Општина Битола

-Со задоволството го поддржавме настанот и даваме логистичка поддршка на „Трката на радоста“ и ги повикуваме оние учениците од основните училишта кои имаат желба, да учествуваат на оваа трка. На сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година и апелираме да ги негуваат здравите навики, рече Борче Корлевки, советник и претседател на Комисијата за спорт во Советот на Општина Битола.

Спортската академија од Битола е задолжена за техничкиот дел на трката

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани