Гулевска поднела кривични пријави против Пивковски, но повеќе од две години нема разрешница

Јануари 21, 2020

Градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска, и по повеќе од две години нема информација до каде се кривичните пријави против поранешниот градоначалник Стево Пивковски, поднесени веднаш по доаѓањето на новата локална власт.

Кривичните пријави се поднесени за изградба на атмосферска и фекална каналзиација, реконсрукција на централен парк во Могила, реконструкција на училиници и санитарен јазол во ОУ „Гоце Делчев“ и догвор склучен меѓу Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и Општина Могила, а според документите, Гулевска тврди дека предизвикана е штета од 19 милиони 479 илјади 435 денари. Таа на денешната прес конференција побара да профункционира правната држава.

-После 27 месеци нема никаква разврска, јавноста, граѓаните на општина Могила немаат информација што се случува со овие пријави и зошто нема разрешница.Очигледно е дека структурите од остатоците од сваровски судството и обвинителството ја опструираат правдата на секое ниво. Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството. Граѓаните очекуваат и бараат брза институционална реакција, правда и одговорноост за сите. Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара, рече Гулевска.

Таа го повика Основното Јавно Обвинителство да ги процесуира поднесените кривични пријави, а општината ги става на располагање сите ресурси во целост на функција на задоволување на правдата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани