Соопштение до граѓаните-
СОТУ "Ѓорѓи Наумов" - Битола ги информира граѓаните дека од утре 29.09.2020 год. поради градежни работи, а во интерес на безбедноста на граѓаните и вработените, дворот во целост ќе биди затворен за минување и пристап до Новиот градски пазар. Одлуката е во согласност со препораките од Трудовата инспекција со што училиштето и просторот околу него во моментот имаат статус на градилиште во кое градежните активности можат да предизвикаат опасност по животот на лицата затекнати во тој простор. Од управата на Техничкото училиште апелираат до граѓание за разбирање и трпение за оваа времена забрана.