Денешното обраќање во јавноста на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се неопходни реформи во образованието, велат од СДСМ

Мај 06, 2021

Полека, но сигурно “паѓаат маските” на, до денес, скриените подбуцнувачи на револтот од најавените реформи во основното образование, а воедно и на поддржувачите, ако не и организаторите, на бојкотот на наставата во училиштата, стои во реакцијата на СДСМ од Битола испратена до медиумите.

,,За жал, овојпат 'жртви” на бескрупулозните политики на ДПМНЕ се деца и родители. ДПМНЕ Битола денес одлучи да го прекине молкот во врска со актуелните случувања поврзани со најавените реформи во основното образование во земјава и да “излезе од сенката” од која речиси две седмици се обидуваше да ја менаџира состојбата. Наместо како одговорна политичка партија да се приклучи во напорите за реформирање на образованието, опозицијата и овојпат се одлучи за подгревање на страстите, внесување на дополнителна конфузија меѓу учениците и родителите, ширејќи класични лаги и невистини, поврзани со најавените реформи. Секоја промена наидува на отпор, а кога ДПМНЕ “ќе замеша прсти”, отпорот преминува во хајка, во која страдаат не само нивните политички противници", пишува во реакцијата.

-Оваа кутра, млада стипендистка на магистерски студии која се потпиша на денешното јавно обраќање до јавноста во името на ДПМНЕ Битола, ги потврди сомневањата дека само партија која го инсталира актуелниот образовен модел, може да биде и најсилниот противник на најавените реформи. Сите восклици за најавените реформи изминатите неколку денови кои доаѓаа од истакнати партиски функционери на ДПМНЕ, полни со лаги, па и со недолични измислици, денес добија смисла. Можеби ќе си го покаже ликот и “детскопарламентарниот” ментор и “Пеце, амбасадорот на/од Битола”, кој без разлика што наводно лично сметал дека идејата за дигитализација на учебниците е одлична, за партиски цели искористија активисти со чесни намери, доведоа во заблуда деца и родители дека најавените реформи се лоши, дека ќе им ги оправдаат изостаноците од часовите.

Токму денешното обраќање до јавноста на ДПМНЕ Битола на кое е потпишана млада стипендистка на магистерски студии, докажува колку е сериозна потребата од реформи во македонското образование (слика во прилог). Реформите на кои во моментов работат стручни лица треба да резултираат со квалитетна настава, со ученици што усвојуваат знаења, со задоволен наставнички кадар, со родители кои ќе немаат обврска да бидат и тутори на своите деца. ДПМНЕ, како по обичај, избира да биде на темната страна", пишува во реакцијата. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани