АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
2,17 и 2.05 промили алкохол во крвта, толку покажал дрегерот на полицајците кои синоќа ги стопирале и побарале да измерат дали овие возачи управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Двајцата се рекордери меѓу 51 пијани возачи кои синоќа од 23 до 5 часот ги сопрела полицијата на територијата на СВР Битола кога беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од СВР Битола