АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Комисијата за образование на СДСМ од Пелагонискиот Регион, денеска во Небрегово, во родната куќа на Блаже Конески беше одбележан Светскиот ден на учителот, 5 Октомври.
По повод 24 мај -Ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, комисијата за образование при ОО СДСМ Битола,сектор образовните при Форум на жени СДСМ Битола и ЛК СДММ при СДСМ Битола организираа трибина под мотото "Предизвикот на младите во образованието".
Главен акцент на трибината се стави на младите, а говорници беа просветните работници: директорката на градинката "Естреја Овадија -Мара" Лидија Тфирст Митровска која зборуваше за улогата на воспитувачот во воспитно - образовниот процес во раниот детски развој и предучилишен развој. За улогата на наставникот во наставата беа презентирани аудио видеа со Ирена Мацеска, одделенски наставник, Весна Баковска предметен наставник и Гордана Анастасова, наставник во одделенска настава и поранешен директор во О.У.Климент Охридски која го презентираше значењето на Еразмус проектите во образованието.
Како говорници беа Роза Јовановска,доктор по педагошки науки и Добри Петровски, долгогодишен професор на Педагошки факултет и поранешен проректор и декан на Педагошки факултет кои зборуваа за образованието денес.
Андреј Гулабовски,претседател на ЛК СДММ зборуваше за предизвикот на младите во образованието, а младите презентираа за мисијата на Св.Кирил и Методиј и јазикот.
Истакнато беше дека изминатата деценија образованието во Битола доживеа крах кое се должеше на недомаќинското работење на ВМРО- ДПМНЕ како локална власт.Кога СДСМ ја правзеде локалната власт, поставените директори се соочија со блокирани сметки, струја пред исклучување, милионски суми со долгови, но сепак училиштата беа успешно менаџирани и а долговите исплатени.
Покрај очајната состојба во училиштата беа изведени низа реконструктивни зафати како енергетско ефикасни фасади, спортски игралишта, промена на подови и дограми, реновирање на училишните тоалети и соблекувални во спортските сали, комплетно реновирани училници опремени со нов училишен инвентар, нови електрични инсталации и лед осветлување, нова ИКТ опрема и нагледни средства, уредување на училишните дворови, нови кабинети по природните науки со инвентар и нагледни средства за експериментална настава. Потоа, промена на кровови, нова дигитална опрема за време на пандемијата за online настава, ИКТ опрема во одделенска настава.
Поради тоа, на директорите од Комисија за образование им беа доделени благодарници за посебен придонес во образованието кои оставија траен белег во битолските училишта. Сепак да се биде учител,наставник, професор е најблагодарната,најубавата но и многу одговорна професија.Просечниот учител раскажува, добриот учител објаснува, квалитетниот наставник демонстрира, а најдобриот инспирира. И затоа ако треба да поставите некој на пиедестал, ставете ги наставниците.Тие се хероите за иднината на едно општество.
„Деновиве градоначалникот Коњановски конечно ги посети средните училишта во градот и тоа Таки Даскало и Техничкото училиште Ѓорги Наумов. Притиснат од фактот дека откако е дојден на функцијата градоначалник, за капитални расходи за средните училишта не издвоил ни денар од општинскиот буџет, што јасно може да се види од објавените квартални извештаи за 2022 година, Коњановски мораше да ги промовира проектите реализирани од градоначалничката Петровска и директорите поставени од СДСМ, колку да остави впечаток дека сепак нешто работи“, обвини Весна Баковска од СДСМ Битола.
Таа посочи дека во Техничкото училиште Коњановски се сликал на спортските терени, во спортската сала, ги промовирал и другите зафати од времето на претходниот директор и локална власт, финансирани од дотациите од централниот буџет и донации, а Коњановски ги прикажал како да се направени со пари од општината.
„Пред да одите во училиштата, било средни било основни, проверете што сте направиле за подобрување на состојбата во истите бидејќи лагата има кратки нозе. Можеби Вам ви е важна партиската кампања, но помислете малку и на учениците и професорите за унапредување на условите во кои работаат и учат.
Време е од општинскиот буџет да издвоите пари за реконструкција на училиштата и да ја продолжите праксата на Вашата претходничка која на образованието му даде висок приоритет“, рече Баковска и упати прашање: „Кога планирате да почните да го градите училиштето во Буковски ливади?“