АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Училиштето ОУ „Коле Канински“ доби донација за реновирање на санитаријата. Имено, пред две недели училиштето достави барање до „Кромберг и Шуберт“ за реновирање на санитаријата, па компанијата му излезе во пресрет на училиштето и достави санитарија во вредност од 1.000 евра во производи.
Донираните производи ќе помогнат во намалувањето на потрошувачката на вода и ќе ја подобрат хигиената во училиштето.
Пред една година беше реновирана дел од сантиријата во училиштето, но не целосно. Со оваа донација, санитаријата во централното училиште „Коле Канински“ се комплетира целосно.
ЕКГ во вредност од 70 илјади денари донираше денес СОКОТАБ ДООЕЛ БИТОЛА во Клиничката Болница Битола.
Хуманитрна помош за штитениците во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ достави невладиното еколошко здружение „Еко жена“ од Битола. Членките на оваа организација, од средствата издвоен од членарината, во Старскиот дом донираа пижами, хигиенски средства, прехранбени продукти, домашно подготвени колачи, сокови, а една од членките им подари 30 пара рачно плетени калчуни, на што штитеницте посебно се израдуваа, велат од „Еко жена“.
Сенозорна соба за децата со посебни потреби е отворена денеска во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Во активностите во оваа сензорна соба покрај децата кои посетуваат редовна настава во ова училиште, можат да бидат вклучени и останатите кои ќе имаат потреба.
Ротаракт Широк сокак од Битола успешно ја реализирше акцијата ‘’Играта продолжува со топол оброк’’, во која заедно со граѓанското здружение „Утешител“ за повеќе социјлано ранливи семејства донираше 4 тони храна. Донациите во текот на декември се собираа на штандови поставени во неколку поголем маркет во градот, каде граѓаните купуваа нерасиплива храна и ја доствауваа до членовите на клубот. Викендов оваа храна заврши во вистински раце.