2win800x200

Советот  на Општина Битола едногласно ја прифати одлуката за примање на донација во вид на опрема за фитнес-зона  на подрачјето на општина Битола  од Млекара АД Битола. Допрва ќе се знае за каква опрема станува збор и  на  колкава површина ќе се простира  фитнес- зоната.

-Донацијата е планирана да биде поставена на локација на Тумбе кафе, со што ја потенцираме нашата грижа за младите, спортот и рекреацијата како важен дел од нашето живеење. Со ова сакаме да ги потенцираме  и нашите заложи за заживување на Тумбе кафе и враќање на стариот сјај, изјави за апла.мк Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата.

Само од Битола, повеќе од 50 млади луѓе студираат во Словенија. Ова е знак на пријателство помеѓу двете држави, како и потврда за довербата  на македонската младина во Словенија, беше речено на денешната средба помеѓу Општина Битола и Амбасадата на Р. Словенија, во гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде  беа донирани книги, преку кои идните средношколци ќе имаат можност повеќе да се за запознаат со словенечкиот јазик и култура. Фактите покажуваат дека, многу млади средношколци од Битола, своите студии ги продолжуваат на универзитетите во Словенија.

Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола  од фирмата „Жито Лукс“.

Граѓанската асоцијација од Битола денес го организира хуманитарниот настан „Од срце за децата на Битола за еднородителските семејства“, каде на плоштадот Магнолија од 9 до 16 часот се поставени штандови со производи на приватни и јавни фирми како донација од граѓаните  за еднородителските семејства.

-Вклучени се градинките „Пролет“ и „Бонбончиња“, потоа „Орифлеим “ и „Авон“ како и фабриката „Кромберт и Шуберт“ коишто со свои донации се вклучени во акцијата. Обезбедени се 13 пакети на производи кои ќе бидат донирани на еднородителски семејства, рече Ѓорги Јошевски, претседател на Граѓанската асоцијација Битола . 

received 224858458251408

received 224858604918060

received 224858564918064

РК "Пелистер" заедно со навивачката група "Чкембари" ја покажаа својата хуманост на дело. Тие денеска донираа огревно дрво и прехрамбени продукти на  62 годишната битолчанка Љуба Поповска , која преживува од скромна социјална помош од 1400 денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани