АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две влезни врати, еден паркинг за велосипеди и три метални корпи за складирање на пластични шишиња донира ФОД ДООЕЛ –Битола во ОУ „ Ѓорги Сугарев“-Битола.
Училишната спортска сала во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола днеска беше исполнета со радост и среќа на децата со посебни потреби кои секој вторник и четврток овде тренираат спортски активности. Покрај редовниот тренинг под надзор на нивниот тренер, Мико Голубовиќ, инаку кошаркар во КК „Пелистер“, 20 деца денеска добија комплет спортска опрема, спортски реквизити и новогодишни пакетчиња. Донацијата заеднички ја обезбедија Синдикалната подружница на РЕК Битола, наш иселеник од САД и неколку приватни фирми.
Фабриката за опрема и делови- ФОД ДООЕЛ - Битола која е во склоп на А.Д ЕЛЕМ ја изработи и донираше целосната ограда за новата детска градинка во битолското село Кравари. Вработените во ФОД ја изработија оградата во различни бои и апликации од детските анимирани ликови.
Вредноста на донацијата изнесува околу 60.000 денари.
-Секојдневно доаѓаат барања од граѓани, здруженија, спортски клубови, училишта, цркви, манастири, јавните претпријатија кои бараат донации од нашата фирма од материјали и изработки што влегуваат во нашата дејност. Помагаме во многу случаи кои што се за општо добро на граѓаните. Како општествено одговорна компанија наскоро во соработка со Општина Крушево подготвуваме изненадување за љубителите на скијањето во Битола, вели за апла.мк директорот на ФОД, Методија Тасевски.
Битолското село Кравари доби нова детска градинка, која има капацитет да прими 40 деца на претшколска возраст. Градинката работи во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а за оваа намена опремени се 2 детски занимални. Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија.
Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин“ од Битола денеска се израдуваа со нов телевизор кој сите заедно ќе можат да го користат во занималната во која минуваат дел од слободното време. Донацијата е од Општина Битола по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , 3 Декември, што предизвика голема радост кај овие деца, а градоначалничката Наташа Петровска рече дека ова е најмалку што може да се направи за штитениците во Заводот
Државна видеолотарија, за Универзитетската клиника за детска хирургија, донираше мобилен ехо-апарат во вредност од 1 милион и 230 илјади денари