2win800x200

Со посредство на Генералниот Конзулат на Грција во Битола, ООУ ,, Стив Наумов", доби вредна донација од грчката болница во Флорина.  Станува збор за компјутерска опрема за потребите на училиштето, која ја предадоа Генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис и   Јоргос Манцос, директор на болницата во Флорина, Република Грција

Македонската амбасада во Виена, Австрија во соработка со Ротари Клубот „Битола“ и Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ заеднички реализираа донација на 50 болнички кревети за потребите на ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски„- Битола и Здравствен дом- Ресен. Покрај, болничките кревети, донацијата вклучува и перници за Инфективното одделение односно Ковид центарот во Клиничка болница Битола.

Донација од ваков тип не е прва за битолската болница од страна на Ротари клубовите. Бројните донации за Битолската болница ја покажуваат посветеноста и грижата за здравјето на своите граѓани. Несомнено е дека ваквата практика ќе продолжи понатаму. Основниот мотив за овој тип на донација е подобрување на условите во Битолската болница и унапредување на здравјето на пациентите.

„Здравството претставува еден од клучните столбови на државата. Обезбедувањето подобри услови во болницата со цел поквалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници се едни од приоритетите во работењето на Ротари заедницата. Со донации во здравствените установи и инвестиции во сите сегменти на здравството, може да се зборува за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за сите граѓани. Но, приоритетот за донации во здравството се наоѓа на врвот на листата и на Македонската амбасада во Виена, Австрија. Заедничката визија да се обезбедат подобри услови за пациентите во Битола и Ресен резултираше со донација на болнички кревети и перници“, велат донаторите. 0

ротари

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани