2win800x200

Последното објавеното видео на италијанскиот медиум во ниеден момент не укажаува ниту на директна, ниту на индиректна вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот „Рекет“, но, станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран, рече на денешаната прес конференција Борче Корлевски, од СДСМ-Битола. Од партијата повикуваат надлежните да ја забрзаат истрагата и секој кој е вмешан да одговара.

ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференција обвини дека актуелната власт си поигрува со македонските земјодлеци, затоа што, тврдата дека не им се исплатени субвенции за сите категории, додека пак мерката „зелена нафта“ за опозицијата е популистичка.

12 491 350 евра e  вкупниот долг што екс градоначалникот Владимир Талески и го остави на  новата градоначалничка на општина Битола, Наташа Петровска. Од нив  3 339 211 евра општината должи по основ на пристигнати фактури за извршени работи и други финансиски документи, а 9 152 139 евра по основ на потпишани договори, на кои во најголем дел рокот за исплата им е поминат. Ваквите долгови ја прават општината неликвидна,  соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска на денешната прес конференција свикана со цел да ја информира јавноста за финансиската состојба која ја наследи во општината.

Страница 12 од 12

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани