2win800x200

СДСМ денес поднесе претставки до Државната комисија за спречување на корупција против Васко Мавровски, Лили Бошевска и Тони Коњановски заради сомнежи за корупција и судир на интереси. 

Градоначалникот Тони Коњановски, во своето последно обраќање и реакција за поднесените кривични пријави за злоупотреба на службената положба, од само за него познати причини, обидувајќи се да се испере за незаконското и ненаменско трошење на буџетот, се обидува да ја избегне одговорноста за потрошените пари  наследени во касата на општината и приходите кои се слеани во буџетот во неговиот мандат. Коњановски полека се движи кон потрошени над 60 милиони евра, а нема никаков резултат. Од таму и паниката.

 
Во своето обраќање, Коњановски вели дека во касата наследил 283.000.000 денари, ама и неисплатени обврски од 209 милиони денари. Кој ли му го пишувал ова и кој го лажи? Еднаш изјавува дека наследил одлична финансиска состојба со многу проекти, после една година кажа дека наследил 109 милиони денари обврски, а сега еве стигна до 209 милиони денари обврски. 
 
Најверојатно градоначалникот во моментов е преокупиран со дилемата Груевски или Мицкоски, па не му текна ниту да го погледне записникот од денот на примопредавањето на функцијата. Ќе се запрепасти кога ќе види дека на сите сметки кои егзистираат во општината имало многу повеќе од 283 милиони денари. Покрај тоа, само од продадено земјиште многу брзо требаше да легнат дополнителни стотина милиони денари. На денот на примопредавањето на функцијата скоро и да нема доспеани обврски за општината, освен тие кои пристигнале во последните денови при изборот  за градоначалник. Во својата математика Коњановски сигурно нешто помешал и како обврски ги пресметал наследените од времето на неговиот сопартиец, Владимир Талевски. 
 
Не очекуваме Коњановски да се извини за изнесената лага во врска со финансиската состојба која ја наследил, но му порачуваме да не се надева дека со лага ќе ја избегне одговорноста.

 Интегрален текст од прес конференцијата на Јадранка Павловска, советник од СДСМ



Почитувани граѓани, иако сите институции, надлежниот инспекторат за локална самоуправа утврди и потврди дека ја зборувавме вистината, кога стануваше збор за незаконско разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на 27 седница на Советот на општина Битола, циркузите не стивнуваат и никако да преовлада разумот и рационалното однесување за доброто на Битола и битолчани.  

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за локална самоуправа, а на барање на градоначалникот Тони Коњановски, Инспекторатот донесе решение со кое се изрекува опомена на претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска. Станува збор за втора опомена за незаконско и неделовничко работење на претседателката Илиевска. Оваа, втората, се однесува за утврдените неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на ЈКП Водовод, ЈКП Комуналец, ЈП за изградба и одржување јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен превоз на патници во општина Битола, ЈП Пазари, ЈП ИЗ Жабени и Културно информативниот центар, а се однесуваат на непочитување на одредбите од член 17 - ѓ и член 26 - а од Законот за јавни претпријатија.

Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка на донесеното решение е 15 дена од денот на приемот на решението, а субјектот на инспекциски надзор е должен веднаш по истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, а најдоцна во рок од три дена, писмено или по електронска пошта да го извести Инспекторатот дали е извршена инспекциската мерка.

Почитувани, останува отворено прашањето на совеста и одговорноста на колегите советници од СДС, Поинаку, ДОМ и ДУИ дали и натаму ќе го трошат и узурпираат времето на битолчани и општинската администрација исклучиво со голо политиканство или сериозно ќе се исправат пред обврската, со која ги задолжиле граѓаните, давајќи им ја довербата.

Битола нема време за губење, а евтините политички трикови одамна веќе не врват! Се друго е прашање на личен стајлинг и лична одлука!  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани