2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Им посакуваме успешен старт на академската година на сите студенти запишани на државните и приватните универзитети ширум државата. Ве убедуваме дека само со голем труд и напорна работа може да се добие знаење кое ќе допринесе за развој на нашата држава.

 
Денес Градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на првиот академски час, но заборави да признае пред студентите дека сеуште не ја има реализирано Иницијативата за еднократна финансиска поддршка на студенти од социјално загрозени категории на семејства кои студираат на УКЛО донесена на 09.01.2022 година од страна на Советот на Општина Битола.
 
Заборави да признае и дека студентскиот парк е само уште едно празно ветување.
 
ЛК СДММ БИТОЛА е секогаш на страната на студентите!

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт. На дебатата учествуваа и студенти од Техничкиот факултет од Битола, отсек Сообраќај и транспорт.

Целта беше да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.

- Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.тех2

Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.

- Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.

Во Северна Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.

- Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.тех3

тех

Во координација со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата  донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани