Прв пијано концерт на клавирот Безендорфер во Офицерски- настапува маестро Дино Имери

Мај 08, 2022

Културен и информативен центар - Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај  „ Денот на Европа“ со особено задоволство го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата - Офицерски дом во Битола. Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на Општина Битола и  е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  по пренесувањето во  Палатата на културата - Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот. 

На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.

Концертот е на 9 мај со почеток во 20 часот. Резервации и влезници во билетарата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страна на центарот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани