Иницијатива за формирање локален совет за волонтерство

Мај 18, 2018

Меморандум за соработка помеѓу Општина Битола и Младинскиот културен центар беше потпишан денеска, а МКЦ имаше презентација на иницијативата за формирање на Локален совет за волонтерство. Оваа иницијатива е дел од проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај“, финансисран од УСАИД, кој има за цел да се зајакне активнотот младинско учество преку одржлив развој на волонтерството на локлано ниво.

-Во насока на веќе донесениот документ - Стратегија за волонтерство, денес ќе потпишеме Меморандум за соработка со МКЦ, со кој всушност како општина, ќе ги направиме чекорите за формирање на Локален совет за волонтерство, чија намена ќе биде да ги подобри механизмите на контролирање и организирање на волонтеризам во нашата општина. Ние сме прва општина која што го прави тоа. Исклучително е значајно за младите од средношколската и струдентската возраст,  да го стекнат чувството за волонтеризмот, за значењето на истиот, што претставува вовед за нивниот понатамошен придонес во општествената заедница, воопшто, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

-Работата на локалниот волонтерски совет ќе биде насочена кон унапредување на процесите на волонтерство, нивно доближување до граѓаните и до сите заинтересирани страни, како што се граѓанските организации, локалните институции, училиштата (средните и основните) и поединците, кои ќе имаат можност да го унапредат своето знаење, но и своето делување на полето на волонтерството“, изјави на денешниот настан Сашо Додовски – МКЦ Битола.

Локалниот совет за волонтерство ќе претставува меѓусекторско тело одговорно за имплементација и следење на Стратегијата за развој на волонтерството во општина Битола (2015 – 2018) и промоција на волонтерските политики и програми на локално ниво. Формирањето на Локалниот совет за волонтерство, предвидено е во рамките на оваа стратегија и негови клучни задачи ќе бидат-  да работи на зголемување на бројот на младинско учество во локалната заедница преку волонтерство, како и да работи на препознавање и признавање на волонтерскиот труд на локално ниво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани