АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денес, пред почетокот на ракометниот куп на Македонија, ја посетија општина Битола, каде остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.
„Пособено ме радува што токму нашиот град се одржува завршницата на купот на ракометот во нашата држава, затоа што Битола бил градот во кој отсекогаш значеле натпреварите од областа на ракометот како спорт и верувам дека битолчани, низ овие два дена, низ аплаузите кои што ќе ги видиме на трибините, всушност ќе се потсетат на оние добри славни времиња и токму овие два дена ќе значат почеток на нешто што ќе се случува во иднина, затоа што моите длабоки убедувања се дека, навистина ракометот во Битола ќе се врати на патеки и на ниво кое го заслужуваме како град“, изјави градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.
Претседателот на РФМ нагласи, дека Битола е на добар пат кон враќање на интересот за ракометот и подигнување на квалитетот на овој спорт.
„Ми претставува задоволство што сум денеска тука, што сум гостин на градоначалничката на Битола, што еве овие два дена завршницата на купот ја одржуваме тука. Ова е 26 ти пат, оваа година во Битола, очекуваме да биде, динамично, интересно, позитивно. Добро е што Битола се враќа на оние патеки од порано, се гледа дека расте интересот за ракометот во Битола, расте квалитетот и на двата клуба кои ги има Битола и со самото тоа е дел и од една стратегија на РФМ, а тоа е да полека ракометните центри се враќаат назад, се подигнуваат, да стануваат поквалитетни и нашите нови ракометари и ракометарки да доаѓаат од сите краеви на Македонија, да не биде се сконцентрирано само во главниот град“, изјави Живко Мукаетов, Претседател на РФМ, посакувајќи овие два дена во Битола да победи ракометот.