2win800x200

Димитријевиќ - СДСМ Битола ќе бира локален лидер со самокандидирање - Оваа среда Централниот одбор ќе отпочне постапка за избор на локални лидери

Март 23, 2026

Оваа работна недела почнува постапката за избор на претседател на Општинската организација на СДСМ Битола, потврдува за АПЛА, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. 

В среда е закажана седница на Централниот одбор на СДСМ во Скопје на која се очекува да отпочне постапката за назначување на локални лидери во неколку општински организации во државата вклучително и во Битола каде доскорешните претседатели си дадоа оставки. Во Битола во изминатиот период локалната отганизација на СДСМ ја води работна група, по оставката на Методија Куновски. 

652319963 1482604609897693 6198939176080274256 n

 

Димитријевиќ  напоменува дека членовите на СДСМ ќе имат можност за самокандидарање и по еден процес на пошироки консултации ќе се избере и нов локален лидер. 

 

„В среда на седница на Централниот одбор на СДСМ ќе биде разговарано за распишување повик за претседател на ОО СДСМ Битола и уште неколку други општински организации. Согласно постапката, ќе се одвива процес на самокандидирање, потоа процес на интервјуа на кандидатите и консултации со членство и на крај ќе се изврши изборот“, изјави за АПЛА, генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ.

 

 

653708242 1482604646564356 6457242129996636536 n

Минатата среда генералниот секретар Димитријевиќ присуствуваше во Битола на средба со членството за консолидација на општинската организација и за највување на процесите за избор на раководство на локалната организацијан во Битола. По средбата во Битола Димитријевиќ објави дека неговите партиските другари и другарки јасно порачале дека народот не може повеќе да издржи поради растот на цените и нискиот стандард.  
Инаку неофицијално се споменуваат неколку имиња на заинтересирани за водење на општинската организација, меѓу нив се Зоран Стојчевски, Софија Ристевска Петрушевска, Јане Велкоски, Анета Сердарова и Борче Корлевски. Аспирации да раководат со општинската имале и поранешни директори на локални и државни институции. 
 
А.Блажевска
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани