
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот пејач и актер Бојан Стојков ќе ја игра улогата на Фреди Меркјури, музичарот што остави силен белег на светската уметност, културата и публиката во новиот музичко-сценски проект на Оркестар DIVA.
Од таму највуваат дека мјузиклот инспириран од Freddie Mercury – Freddie The QUEEN носи уникатен спој на музика, театар и силна емоција, инспириран од животот, енергијата и уметничкиот дух на еден од најголемите музички икони на сите времиња, а ќе биде сценско доживување што ја брише границата помеѓу концерт и театар.
Овој проект отвора ново поглавје во домашната продукција, особено во Битола, и ќе биде приказна што не се раскажува, туку се доживува, најавува организаторот.
Проектот на Оркестар DIVA е под диригентската палка на Владимир Димовски – воедно продуцент и оркестратор. Бојан Стојков во улога на актер, Димитар Захариевски – автор на сценариото, а дел од актерската екипа се и Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Теона Крстеска.
