Техничкото училиште од Битола потпиша меморандум за соработка со компанијата ДОО Логинг електроникс – Скопје

Мај 17, 2018

Техничкото училиште од Битола и компанијата ДОО Логинг електроникс –Скопје потпишаа меморандум за соработка поврзана  со едукацијата  на учениците од ова средно училиште.  Меморандумот го потпишаа Златко Крстевски, генерален менаџер на Логинг електроникс и директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, Владимир Роме.

-Меморандумот опфаќа соработка во повеќе области поврзани со едукација на учениците од нашето училиште и донирање на современи наставни средства и помагала од страна на компанијата, изјави директорот Роме.

Според Роме целта е да се обезбедат услови за поквалитетна настава со современа технолошка опрема со која учениците ќе можат поуспешно да ги совладуваат наставните содржини, но и како ентузијасти да се вклучуваат во воннаставните активности, проектните задачи и учество на натпревари во функција на струката. Исто така, предвидени се и активности во самата компанија како користење на нејзините просторни и материјални ресурси за реализирање на семинарски задачи, посета на настани на терен, набавка на материјали за реализирање на практичната настава од електротехничка струка, аплицирање во проекти од заеднички интерес и слично.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани