Полицијата со совети и препораки до матурантите

Мај 17, 2018

Битолската полиција излезе со препораки и совети до матурантите за безбедно прославување на матурските забави

 

  • Апелираме до сите учесници во сообраќајот а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на конзумирањето на алкохол и приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот.

Да не се управуваат моторни возила без претходно положен возачки испит.

  • Да избегнува учество, предизвикување или поттикнување на друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.
  • Не е дозволено неовластена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства.

          Исто така, од СВР Битола апелираат  и  сопствениците и вработените во угостителските објекти  да се придржуваат кон пропишаните законски одредби.

  • да не се дозволи нарушување на јавниот ред и мир во објектот (тепачки, физички напади, гласна музика, оддавање на пијанство и точење алкохол на лица кои се под дејство на алкохол и сл.)
  • да не се дозволува присуство на малолетници после 24 часот или точење на алкохол на малолетници.
  • Навремено пријавување на секој настан на телефонскиот број-192.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани