АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Симеона Стерјева од Основното училиште „Гоце Делчев“ е единствената ученичка од Македонија која успеа да се пласира меѓу победниците на светскиот натпревар по англиски јазик „Hippo 2018“ што деновиве се одржа во Италија.
Во конкуренција од 99 хипо финалисти од светот, битолчанката Стерјева успеа да освои трето место. Натпреварувањето беше напорно, во четири вештини, и тоа слушање, читање, пишување и зборување на англиски јазик. Стерјева, предводена од наставничката Сашка Делова, успеа да се истакни со своето знаење и да се искачи на врвот и покрај огромната конкуренција на 22 000 кандидати што учествуваа во натпреварот од целиот свет.