2win800x200

39 нови позитивни на ковид-19 во Битола, бројките растат од ден на ден

Април 29, 2022

Нови 39 потврдени случаи на Ковид 19 се регистрирани денеска во Битола, и во споредба со изминатиот период може да се заклучи дека бројката на позитивни случаи расте. Во моментов во Битола има 118 активн болни од Ковид-19.  

 

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.

Направени се 2.303 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-37, Биотек-77, Систина-47, лабораторија Лаор-34, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-18, Генеа-16, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-56, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.255

Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145532, Активни 270
Куманово 16629, Активни 10
Битола 15316, Активни 118
Прилеп 14137, Активни 18
Тетово 13450, Активни 7
Кавадарци 10631, Активни 19
Велес 9762, Активни 13
Гостивар 9576, Активни 4
Охрид 8836, Активни 16
Струмица 8050, Активни 5
Штип 8021, Активни 16
Кичево 5618, Активни 17
Кочани 5075, Активни 4
Струга 4715, Активни 1
Гевгелија 4401, Активни 5
Неготино 3677, Активни 3
Ресен 2717, Активни 5
Свети Николе 2626, Активни 2
Радовиш 2528, Активни 0
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 1
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1655, Активни 12
Валандово 1485, Активни 0
Виница 1391, Активни 3
Пробиштип 1265, Активни 0
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 964, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани