АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Случувањата во енергетскиот сектор на глобално ниво имаат силно влијание врз севкупниот развој во светот па и кај нас и токму заради тоа треба брза реакција. Во тој контекст потребата за брза транзиција на чиста енергија никогаш не била посилна и појасна и заради тоа Европската Унија усвои план REPowerEU Заедничка европска акција за подостапна, безбедна и одржлива енергија. Планот REPowerEU ќе ја зголеми отпорноста на енергетскиот систем ширум ЕУ заснован на два столба: диверзификација на снабдувањето со гас и побрзо намалување на зависноста од фосилни горива. Развојот на енергетските пазари бара драстично забрзување на транзицијата на чиста енергија и со тоа зголемување на енергетската независност на Европа.
Како двигател на развојот на Европската Унија, Европскиот зелен договор вклучува покрај другото и механизам за праведна транзиција со што не само што ќе се заштити животната средина ќе се заштитат и вработените во загадувачката индустрија преку најразлични програми. Механизмот за праведна транзиција има три столба: Нов фонд за праведна транзиција, Шема за „Праведна транзиција“, Нов заем за јавниот сектор.
Енергетските задруги се двигатели за побрза транзиција така што согласно ЕУ директивите дефинирани се Граѓанска енергетска задруга и Задруга за обновлива енергија. Тие се и правни лица кои се автономни и се засноваат на отворено и доброволно учество. Нивната цел е да произведуваат и трошат енергија произведена од на пример нивната фотоволтаична инсталација за производство на електрична енергија. Најмалку 2 милиони луѓе во ЕУ веќе се вклучени со повеќе од 7700 енергетски задруги. Голем број ЕУ земји членки после избивањето на Украинската криза одлучија да го забрзаат процесот на инвестирање во Енергетските задруги. Во нашата законска регулатива мора да се најде соодветно решение за поттикнување на креирање на енергетските задруги.
„Производител-потрошувач“ концепт исто така може значително да го забрза процесот на транзиција и да донесе бенефит за граѓаните . “Производител-потрошувач” е дефиниран како „индивидуа која троши и произведува енергија, и можи да добие стимулации за размената“. Се проценува дека 264 милиони граѓани на ЕУ ќе станат производители-потрошувачи до 2050 година. Наплатата за вишоците на енергија се прави преку модел на нето наплата и нето мерење. Со Нето наплата и потрошувачката и производството се евидентираат и се наплаќаат посебно по малопродажна стапка. Со Нето мерење клиентите плаќаат врз основа на нивното нето користење на kWh на крајот од секој циклус на наплата. Тргувањето со електрична енергија со моделот „од врсник на врсник“ („P2P“) се заснова на меѓусебно поврзана платформа, која служи како онлајн пазар каде што потрошувачите и производителите се „сретнуваат“ за директно тргување со електрична енергија, без потреба од посредник. Важна мотивација за да се вклучат во таков модел е тоа што би продавале вишок електрична енергија по повисока тарифа што тие би можеле да ја продадат назад на мрежата, додека потрошувачите би можеле да купат, по пониска тарифа, локална обновлива електрична енергија. За сето ова да биде реалност потребни се регулаторни интервенции, технички интервенции, паметните броила, сензори и слично кои овозможуваат енергетските податоци да се зафаќаат на повеќе нивоа. За развој на тргувањето со електрична енергија „P2P“ постојат два пристапи еден е преку регулаторна рамка и другиот е преку таканаречен пристап на песочна кутија. Иновациите се движат со многу поголема брзина денес, при што регулаторите не можат да го достигнат чекорот. Заради тоа можеби ќе има потреба од пристап со таканаречена континуирана песочна кутија (која им овозможува на иноваторите да ги тестираат овие производи, услуги и деловни модели на безбеден простор, за да ја потврдат нивната усогласеност со постојната регулатива пред да ги применат во поширокиот сектор). Во светот постојат повеќе платформи за „P2P“ тргување со енергија така што преку платформите кои најчесто користат блокчејн технологија корисниците добиваат целосна контрола и целосна транспарентност врз нивните модели за снабдување и потрошувачка на енергија.
-За да се постигне брз ефект во енергетскиот сектор кај нас преку кој брзо би ни се вратила инвестицијата мора итни инвестиции, а тоа пак се поклопува со целите на„Европскиот Зелен Договор“ (кој е буџетиран со над илјада милијарди евра) исто така се поклопува со целите на „Механизмот за праведна транзиција“, со целите на „Стратегијата Реновирачки Бран“ и другите програми. Токму заради тоа потребно е ИТНА интервенција во законите и прогласување на Битолскиот регион за прв национален “Паметен центар на еко-енергетската заедница во транзиција” така што преку соодветна законска рамка ќе се овозможи примена на таканаречениот пристап со песочна кутија, и со меѓународна и национална финансиска помош ќе се стават фотоволтаични системи на голем број на покриви во Битолско при што ќе се организираат Енергетски задруги ќе се овозможи Просумерс концептот (со кој тој што има фотоволтаици ќе може не само за себе да ги користи туку ќе може и да го продава вишокот по праведни услови). Исто така ќе се овозможи развој на технологијата „Peer to Peer“ модел за тргување со струјата. Со тоа ќе се овозможи секој жител да биде дел од некоја енергетска на доброволна основа доколку сака било да живее во куќа или стан или во град или во село и ќе му се овозможи да биди просумер и да користи peer to peer платформа за тргување.
Со ова ќе имаме напреден прогресивен развој на електро-енергетскиот сектор кој нема да биди централизиран туку ќе биди дисперзиран и придобивки ќе имаат сите не само државата туку и граѓаните, а за термоцентралата ќе се анализираат можностите за технологија за складирање на енергија со што би се задржале вработените, изјави Горан Неделков активист - експерт во делот на енергетската ефикасност и екологијата.