2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Продолжуваат да се нижат успесите на ОУ „Даме Груев“ од Битола

Јуни 01, 2022

Четири ученици од Основното училиште „Даме Груев“, во придружба на наставничката Соња Јанкуловска и директорката Биљана Бакиевска- Дамчевска заедно со партнерските училишта од Турција, Литванија, Финска и Италија учествуваа на проект од Еразмус мобилност во Атина, Грција. Во проектот беа вклучени учениците Симона Николовска,Сара Божиновска, Викторија Бикова и Миа Димевска.

285414831 1162901380919845 2932321503528634432 n

Активностите се дел од Еразмус проектот ,, Gаме on“, кој има за цел развивање на здрави навики на живеење преку промена на начинот на исхрана, поголема физичка активност, ментално здравје и сл.Главен акцент на оваа мобилност беше ставен на физичкото здравје каде научија различни видови на спортови и кратки вежби за одржување на нивното здравје.

Познато е дека Грција е искусна во одржување на различни спортски настани, па учениците имаа можност да го сретнат олимпискиот првак, гимнастичар, Димостенис Тампакос и да поразговараат за неговите успеси, а го посетија и Kallimarmaro -единствен олимписки стадион направен целиот од мермер.

 

„Н283583771 708547960408642 5207264800370751777 nе смееме да ја изоставиме посетата на Акропол древна тврдина која содржи остатоци од антички градби со големо архитектонско и историско значење. Активности се реализираа и во самото училиште почнувајки од топло добредојде, работилници за физичкото здравје, драмски перфоманси , работилници за здрави диети и сл“, велат од ОУ „Даме Груев“.

Тимот од шест учесници се врати во својата земја побогати со уште едно искуство и многу заеднички пријателства.

284807977 430558965184410 4553466480548009809 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани