АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 7 јули 1921, во селото Брусник, Битолско роден е Васко КАРАНГЕЛЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна, генерал на ЈНА.
Пред Втората светска војна е земјоделски работник. Член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот на НОАВМ е командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на НОВЈ.
По Ослободувањето дипломира на Воената академија "Ворошилов" во Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја заврши Вишата воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА).
Во ЈНА имаше највисок чин – генерал-полковник и беше командант на дивизија, началник на штаб на корпус, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Член на Централниот комитет на СКЈ.
Загина во несреќен случај на 3 февруари 1977 г., кај Македонски брод.
Прогласен за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).