АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 13 јули во Офицерскиот дом во Битола ќе биде поставена ликовната изложба „Современата уметност во Битола“, која претставува пресек на автори и дела поврзани со Битола.
На изложбата беа поканети да учествуваат со свои дела уметниците кои работат и творат во Битола, ченовите на ДЛУБ , уметниците кои се родени или потекнуваат од Битола и околината, но и оние кои живееле и работеле на овие простори и своите дела ги инспирале од пределите, луѓето и настаните во овој град, како и наследниците на уметниците кои веќе не се помеѓу нас, но како завештание ги чуваат нивните дела.
-Сите тие луѓе, уметници и творци ги отстапија делата на уметниците чије име продефилирало во градот и оставило трајни ликовни вредности и на тој начин придонесоа денес да ја имаме оваа изложба. Голема е благодарноста и до приватните колекционери на ликовни дела, кои покажаа несебичност и доблест, да ги одстапат делата кои се во нивна соопственост како би биле застапени сите значајни ликовни автори, велат од Културно информативниот центар во Битола,
Со оваа изложба, која е закажана за 13 јули во 20 часот, за прв пат се промовира и галерискиот простор во битолскиот Офицерски дом.