2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Сервини на Комисија за јавни дејности: Во Техничкото училиште идентификувавме доста проблеми со инфраструктурните зафати

Септември 23, 2022

Во изминатиот преиод во СОТУ „Ѓорги Наумов“ имаше реализирани доста инфраструктурни активности, реновирањето на покривот на училиштето, опремување на кабинетите, набавка на  мебел , реновирање на дел од спортската сала. Но, после тоа, односно во текот на овие два месеца идентификувавме доста проблеми настанати со инфрастуктурните зафати, рече  Жанета Сервини, в.д.  директорка на училиштето на Комисијата за јавни дејности во Општина Битола одржана на 14 септември.

„На пример покривот постојано капи, имавме проблеми со тоа, прокапува при секое врнење. Кабинетите се оштетуваат при тоа. Проблеми со паркетот во спортската сала кој беше реновиран. И ние во овие два месеци се занимаваме со поправање на тие инфраструктурни зафати. Приоритет во училиштето е компјутерската опрема, се опремија четири кабинети, но се обезбеди опрема со едно куќиште за 17 компјутери во кабинет. Настана проблем со реализација на наставата посебно за стручните предемти во трета и четврта година. Имаше и нереализирани наставни часови“, рече Сервини притоа критикувајќи го работењето на претходното раководство на училиштето.

Таа најави и нови инвестиции и проекти.

И покрај тие проблеми со кои се соочивме и почнавме да ги решаваме, ние сепак направивме еден огромен проект за училиштето и успеавме да аплицираме со него за опрема околу 600 000 евра. Тој беше започнат претходно, околу 8 проценти во права фаза беше завршена. Со вклученост на сите професори од стручните активи, со максимални напори успеавме да стигниме во рокот и да аплицираме. Во однос на другите активности, планираме во текот на оваа година, снабдување со опрема за вежби што ќе ни биде приоритет во следниот период. Има и одредени инфрастриктурни зафати со кои ќе се занимаваме во следната година, а пред се и обезбедување на соодветна компјутерска опрема како што доликува на Техничкото училиште бидејќи имаме нова програма со програмски јазици кои треба да се изучуваат“, додаде в.д. директорката.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани