2win800x200

Бизнисмен од Битола платил 4.560 евра за пелети на фирма од Романија, останал без нив и без парите

Септември 24, 2022

На 23.09.2022 во 14.00 часот во СВР Битола, 42-годишен сопственик на правен субјект од Битола пријавил дека бил измамен од правно лице од Романија за сума од 4.560 евра.

-Според пријавеното, тој се договорил со правното лице за купување пелети и ги уплатил средствата, но откако се посомневал во фирмата ја откажал нарачката, информира МВР.

Како што е пријавено, парите не му биле вратени за два дена како што му било ветено, а претставникот на фирмата веќе не бил достапен.

Се работи на расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани