АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Зелена берза ќе се одржи во среда во Битола. Настанот е најавен за во 12 часот во објектот на Синпекс Битола во индустрискиот дел на градот, на улица Индустриска бб.
Сите вкусови и бои на традиционалните македонски производи во среда ќе бидат претставени на третата по ред манифестацијата финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија.
Саемот на македонска традиционална храна има за цел да ја промовира македонска храна и на едно место да ги собере производителите, преработувачите и иноваторите на нови вкусови на храна од сите страни на Македонија.
Целата на организаторот Зелена берза е преку оваа манифестација да поттикне и поинтензивниот развој на органското земјоделство и секако одржување на бројот на жители во руралните средини и позабрзан развој на селата.
Со овој настан Зелена берза во истовреме е промотор на органското производство, како и пласманот на нашите земјоделски производи на домашните и странските пазари. Во последниве години забележлив е трендот и зголеменото органско производство кое е координирано со финансиската поддршка од страна на Владата, токму поради големите природни потенцијали за развој на органско производство во нашата земја.
Производителите, учесници на настанот со посредство на Зелена берза – Битола, ќе имаат можност да промовираат дел од своите производи.
Бидете гости на третата по ред манифестација „Незаменливиот вкус на традицијата“