
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Промоцијата на романот „Синовите на Адам“ од Михајло Свидерски ќе се одржи во четврток на 29 септември во 19 часот во КИЦ (Офицерски дом) во Битола. Промотори на книгата ќе бидат еминентните проследувачи на македонската современа книжевност Елизабета Јончиќ и Љубинка Донева.
Романот „Синовите на Адам“ во издание на Издавачката куќа „Восток“ излегува во 2022 година.
Романот обработува потресна, вистинска животна приказна за страдањето на едно дете, кое паѓа во мрежите на настраните забави како објект на мрачните уживања на елитите. Во големите куќи на елитните населби на Скопје во темните соби се носат деца за забава. Рајот за оние што може да си дозволат сѐ што ќе посакаат станува пекол за оние што излегуваат оттаму.
„Синовите на Адам“ отвора досега неотворени и табуизирани теми во македонската книжевност, што го прави Свидерски редок автор што ѕирнува во најтемните страни на македонското транзициско општество.
Михајло Свидерски е автор на три романите: „Бело и црвено“, „Последните денови на Ханс“ и „Синовите на Адам“, како и на четири поетски збирки. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди. Преведуван е на англиски, руски, арапски, шпански, грчки, унгарски, баскиски, српски, бугарски и други.