Вчера и денеска (21/22.10.2022), полициски службеници од СВР Битола, ОВР Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар во координација со портпаролот на СВР Битола на подрачјето на Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар спроведоа превентивна активност во рамки на која на граѓаните им беше претставена улогата на полицаец - позорникар.
Полицаецот-позорникар или маалски полицаец, кој на подрачјето на кое е назначен треба да врши надзор, има улога да го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, да спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, да укажува потребна помош и врши набљудување на подрачјето со оценка на безбедносната состојба.