2win800x200

Краток прекин во работата на РЕК Осломеј, потребите од електрична енергија непречено се задоволуваат преку другите капацитети на АД ЕСМ

Октомври 26, 2022

РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира.

Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола.

Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022г.

Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020г во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.

Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh.

Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани