2win800x200

Се работи на проекти за велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ – дебата на урбана мобилност

Ноември 03, 2022

Општина Битола работи на изведбени проекти за велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, а идната година се очекува да започне изведбата на терен, соопшти Борче Димитровски, секретар на Општина Битола за време на јавната дискусија на тема „Урбана мобилност- можности, практики и одржливи проекти“ што во Битола се одежа во организација на Младинскиот културен центар – Битола и Локалниот економско-социјален совет на општина Битола (ЛЕСС Битола).

„Веќе работиме на изведбени проекти за велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ за кои постои основен сообраќаен проект, одобрен од надлежните институции, сега се работат изведбените проекти и доколку се запазат соодветните рокови во текот на иднатат година, не можам да прецизирам дали во првата или вторатата половина би започнала изведбната на велосипедските патеки на овие два потега“, рече Димитровски.

Професорот Никола Крстановски од Техничкиот факултет рече дека урбаната мобилност значи обесхрабрување на употреба на автомобил во градот како превозно средство и поддршка на друг начини: јавен градски превоз, велосипеди, пешачки сообраќај, примена на информатичка технологија за побезбедно одвивање на сообраќајот. Тој смеа дека за одржлива урбана мобилност потребана е издржана сообраќајна студија.

„Битола има специфична урбана структура, старо градско подрачје, многу специфична сообраќајна мрежа и одговор на одржливата урбана мобилност може да се даде само со изработка на квалитетна сообраќајна студија заснова врз детална анализа на вистински податоци од терен. Со бројки, снимања, анкетирања, броење, да се добијат податоци кои потоа со силна софтверска алатка за изработка на транспортен модел може да се испитуваат тестираат и предложат оптимални решенија за градот“, рече Крстановски.

313939968 2429177983900859 1296954291838174016 n

Има пракса во нашите градови, посочи професорот, врз база на импровизација и претпоставки да се изработуваат сообраќајни проекти. Тој нагласи дека сега е прилика со ГУП градот да изработи и квалитетна сообраќајна студија која ќе овозможи оставрување на таа политика на град со висок квалитет на живење.

Снежа Домазетовска претставник на Општина Центар во Скопје, но и на мрежата „Скопје на точак“ рече дека и Амстердам пред половина век личел на Битола и Скопје со метежот во сообраќајот, но со пристисоците на невладиниот сектор работите драстично се промениле.

„Мора да се биде активен и да се притиска. Тој е начинот за да се дојде до решенија. Примерите од другите градови тоа ни го кажуваат и Амстердам бил заглавен во коли , па денес е велосипедски и пешаки рај, но сликите од седумдесетите ни покажуваат дека бил сличен на Скопје и на Битола. И таму луѓето протестирале и дошле до она што е денес. Мора да има пристиок од граѓаните, стручни лица во јавната администрација и политичка волја“, рече Домазетовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани