2win800x200

Корлевски-Што правел Пеце Милевски во Грција во 11 часот навечер со службено возило?

Ноември 26, 2022
Советникот Борече Корлевски денеска соопшти дека неговата парија има документи кои потврдуваат дека Пеце Милевски директорот на Водовод со служебеното возило патувал во странство за приватни цели.  
 
До ОО на СДСМ Битола, пристигнаа анонимни информации и документи во кои првиот човек на ЈП Водовод и лидер на битолското ДПМНЕ, Пеце Милевски се посочува како директорот кој со службено возило патувал низ земјава и странство, за приватни цели.
Прашањето што го потегна претседателката на Советот на Општина Битола, добива нова димензија од документите кои до нас ги испрати анонимен доставувач.
Затоа, денес јавно прашуваме:
Дали Пеце Милевски, со службено возило на Водовод, патувал во Грција за приватни цели, во август годинава?
Дали на тоа патување со него биле и членови на неговото најблиско семејство?
Дали Пеце Милевски, уште еднаш со службено возило на Водовод и повторно со блиски роднини, бил на патување во Грција во септември годинава?
Што правел Пеце Милевски во Грција во 11 часот навечер со службено возило?
Дали градоначалникот Тони Коњановски, како што најави, прати ревизија во битолските јавни претпријатија за да утврди дали имало злоупотреби на службената положба?
Ќе ги санкционира ли Коњановски прекршителите на законите или ќе молчи за да го зачува мирот во ДПМНЕ во Битола?
Ова е почитувани граѓани реалноста за Битола. Ова е вистината за работата на градоначалникот и директорите на јавните претпријатија!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани