2win800x200

АД ЕСМ со акција за пошумување и собирање стара хартија

Декември 04, 2022

 

 

Вработените на АД ЕСМ во сите капацитети низ државата одржаа работна акција во рамките на која се засадуваа дрвја и се собираше стара хартија.

Собраната хартија ќе биде донирана на Училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов” од Скопје, како поддршка на нивниот проект за изработка на книги со Брајово писмо. Училиштетот егзистира веќе 67години и едуцира и рехабилитира деца и младинци со оштетен вид. 

АД ЕСМ како општествено одговорна компанија вложува напори да помогне во различни сфери на живеењето дури и во услови на енергетска криза.

 

Во рамките на акцијата, вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј спроведоа и акција за пошумување, чија цел е проширување на зелениот појас околу комбинатите за спречување на ширење на емисии на прашина кон населените места, како и со цел почист воздух за сите. Целта на засадувањето е и рекултивација на земјиштето на кое е веќе завршено ископувањето на јаглен и негово враќање во првобитна состојба.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани