АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со музички спектакл на Анета и група „Молика“ вечерва од 21 часот во дворот на општинската зграда свечено ќе биде отворено Културното- забавно лето во општина Новаци. Во следните два месеца, поточно до 19 август на повеќе места низ територијата на општината ќе се организираат 16 културни настани почнувајќи од концерти, етно, фолклор, хумористички театарски претстави и друго.
„Програмата се подготвуваше во дослух со граѓаните. Планирани се повеќе настани на различни локации на цела територија на општина Новаци, како во Градешница, Живојно, Добромири, Далбеговци. Сето тоа со цел на сите населени места и нивните жители да им овозможиме реномиран локален културен развој. Сакаме ова културно лето да постане своевиден бренд кое ќе им овозможува на жителите во една пријатна и реалаксирана атмосфера да доживеат поинаква културна манифестација токму во своето место на живеење“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.
Главен покровител на Културно-забавното лето е Општина Новаци во соработка со Здружение за мода „Пикси Студио“.
„Ќе се обидеме да направиме едно богато-културно забавно лето. Почнуваме вечерва со Анета и група 'Молика'. Продолжуваме во недела со хумористичната урнебесна претстава на 'Солза и смеа'. Ќе има настап на познати ди џеи, танцов клуб со 60 дечиња од разни возрасти, Пелагониска –културно уметничка средба во која сите културно-уметнички друштва ќе се претстават со свои програми и ќе направат една одлична македонска фолклорна кореографија. Во Живојно ќе имаме концерт на Татјана Лазаревска, таа ќе пее за нејзиното родно Живојно. На крај ќе приредиме Фестивал на народна музика со избор на летен хит на Македонија каде што ќе настапат 25 изведувачи“, рече Благоја Стојановски од „Пикси Студио“.
Се очекува ваквата културна понуда да привлече голем број на македонски исленици кои летниот одмор го поминауваат во родните места во Пелагонискиот регион.