АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Списанијата за хумор и сатира згаснуваат, а содржини од тој жарн веќе нема ниту на ТВ или радио. Во услови кога за македонската сатира речиси и да нема нема место во медиумскиот простор, порталот апла.мк , почнувајќи од утре, еднаш неделно, во електронска форма, а по избор на Александар Литовски, ќе реобјави дел од хумореските и афоризмите на нашиот познат битолски ликовен уметник, педагог, карикатурист и хуморист Панде Петровски, кои ќе бидат проследени и со неговите карикатури.
Панде Петровски роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско.
Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман.
Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво).
Соработува со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.
Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на Општина Битола 1987 година и Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен“ 2009 година.