2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АД ЕСМ во март со зголемено производството за 36 % во споредба со истиот период лани

Април 11, 2023
 
АД ЕСМ во март годинава не само што во целост го исполни планот за
производство, туку и го надмина и оствари 104%. Планот за производство за март
беше 458.796 MWh, а произведени се вкупно 474.967 MWh електрична енергија
што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 36 %.
АД ЕСМ од јануари 2023г. до март 2023г. произведе 44% повеќе електрична
енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период
во 2021г
 
Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани на
Северна Македонија, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали
набавките на струја на берзите. ЕСМ Продажба која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во март месец оваа година не набави електрична енергија, туку во целост ги задоволи сите субјекти од домашното производство на АД ЕСМ.
 
АД ЕСМ во екот на грејната сезона ги стави во функција сите расположливи
производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство,
успешно справување со енергетската криза без ниту еден ден рестрикции и е
насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на
цената на струјата.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани