2win800x200

Одберија ја својата професија- работилница во Битолската библиотека

Април 22, 2023

Во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, ООУ „Коле Канински“ - Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ - Битола на ден 19.04.2023 година се одржа работилница на тема „Одбери ја својата професија“. Учениците од 9 одделение имаа можност да слушнат различни професии од нашите говорници: - Билјана Петровиќ - биотехнолог, - Ѓорѓи Мијалчев - информатичар, - Лидија Павловска - одделенски наставник, - Маргарита Камбовска - доктор, педијатар, - Марта Соклевска - администратор за човечки ресурси, - Маја Стојановска - Сметководител - Светлана Глигоровска - педагог, - Билјана Врчал Ванчевска - стоматолог. Говорниците предложија и некои чекори што можат учениците да ги преземат, со цел да им помогнат да го одредат нивното идно занимање:

- Идентификувајте ги вашите интереси и страсти. Размислете што уживате да правите и кои теми или области ви се интересни, - Размислете за вашите вештини и силни страни. Размислете за работите во кои сте добри и областите каде што се истакнувате, - Истражувајте ги потенцијалните кариери. Погледнете во различни работни места и кариери кои се усогласени со вашите интереси и вештини, - Побарајте совет од училишниот педагог и психолог, професионалци, кариерните центри. Разговарајте со луѓе кои работат во областите за кои сте заинтересирани за да добиете увид во нивната секојдневна работа и потребните квалификации, - Добијте искуство преку волонтерство. Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете различните кариери и да видите дали тие се погодни за вас.

Активноста е во рамки на потпишаниот меморанду за соработка меѓу Библиотеката и училиштето. Модератор на настанот беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани