АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската пожарна ќе се поднови со 16 дишни апарати, 42 специјални комбинезони за гаснење пожар на отворен простор, комплет со пожарникарски ракавици и чизми. Опремата се набавува во рамки на проектот Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Ресен).
Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, го потпишаа договорот за реализација на овој проект. Проектот е аплициран до Бирото за рамномерен регионален развој, а вкупната вредност е 4.163.550 денари.
Пред неколку месеци битолските пожарникари јавно се пожалија дека нова заштитна облека и друга опрема немаа добиено со години.