2win800x200

Промовиран битолскиот градски водич „Bitola City Guide 2023“.

Мај 18, 2023

Здружението за развој на туризмо и угостителството „Дојди, види, уживај“ го промовираше битолскиот туристички водич „Bitola City Guide 2023“. Станува збор за едноставен, практичен и корисен градски водич кој ќе биде од исклучителна помош за сите домашни и странски туристи кои ќе ја посетат Битола, велат авторите. 

-Нашиот концепт е “Bitola City Guide 2023“ да биде туристички водич на Битола затоа што град има голем број туристи, меѓутоа недостигаше една информација каде тие туристи можат квалитетно да го поминат времето и да се органираат пред да дојдат тука. Целта на овој туристички водич е да се вмрежат сите бизниси кои индиректно или директно се поврзани со туризмот, но исто така, сите страни, туристите и давателите на услуги да бидат задоволни, рече Горан Спировски, туристички работник.

Туристичкиот водич има печатена верзија, односно  брошура со 2 мапи, на градот и на Националниот парк Пелистер, како и апликација  за мобичните телефони .

- Печатената верзија има 12 илјади примероци. Брошурата содржи неколку категории, општи информации за градот, кратка историја, што треба да се посети и комерцијалниот дел кој е поделен во категории од сместувачки капацитети, угостителски капацитетите, тури кои се нудат, останати сервиси и се друго што сметаме дека е важна информација. Брошурата ќе ја има на повеќе атрактивни локации низ градот, каде што најмногу се движат туристите, рече Горан Пинза, туристички работник.

Мобилната апликација е едноставна и лесно може да се симне  од следните линкови Android оперативен систем https://t.ly/Pps    IOS оперативен систем https://t.ly/_ozO,  а ќе се промовира преку социјалните мрежи и на неколку рекламни паноа во центарот на градот.

И апликацијата и брошурата на овај градски водич се бесплатни, така што туристите ќе можат да ја задржат за себе и да ја користат при повторно доаѓање во нашиот град.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани