Општина Новаци ќе дава по 4000 денари за секое прваче

Јули 24, 2018

Советот на Општина  Новаци   донесе одлука  секое прваче во Општина Новаци  кое ќе се запише во ОУ ,,Славко Лумбарковски" и подрачните училишта  ќе добие  по 4.000 денари на почетокот на учебната 2018 година.

,,Овој  надоместок  е со цел намалување на давачките на родителите   кои од први септември ќе испраќаат прваче во новата учебна година, кога семејниот буџет се преполовува за училишен прибор и книги", истакна градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Со посебно известување  кое ќе биде објавено на општинската веб страна   ќе се известат родителите за доставување на потребните податоци .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани