АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски денес, имаше средба со претставникот на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Горан Петровски и извршните директори на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Митко Стојковски и на Кошаркарскиот клуб „Пелистер“, Филип Ивановски. Градоначалникот Коњановски, со претставниците на професионалните спортски клубови од Битола, разговараше за новонастанатата состојба, после усвојувањето на ребалансот на буџетот, кој нема да биде вчитан од Министерството за финансии, потенцирајќи дека во овој период, мора да се има разумен и рационален пристап, со цел успешно функционирање на клубовите, до решавање на настанатите проблеми и донесување на функционален буџет. Коњановски, информираше дека, општина Битола, планира во понатамошниот период за професионалните спортски клубови да намени уште 30.000.000 денари, со кои ќе може да се исполнат обврските кои произлегуваат од склучените договори, да се реализираат програмите на клубовите, но и да се сервисираат заoстанатите обврски.
Градоначалникот Коњановски заедно со претставниците на спортските клубови и советниците кои се одзваа на неговата покана извршија увид во работните активности, кои се во тек во спортската сала „Боро Чурлевски“, со цел исполнување на европските стандарди во пресрет на Лигата на шампиони. Присуството на советниците од општинскиот совет е особено значајно во овој период кога работите треба да се одвиваат со зголемен интензитет, токму заради добивање на потребната поддршка за непречена реализација на планираното, поради што за денешниот увид, градоначалникот ги покани сите советници од Советот на општина Битола.