Фризерка од Битола заедно со нејзина блиска роднина биле нападнати во занетчискиот дуќан во градот од незадоволна клиентка. Муштеривката наводно се жалела дека не била убава со фризурата која и била направена неколку недели претходно, па решила да се пресмета со фризерката.
-На 19.09.2023 во СВР Битола, С.Т.(35) од Битола пријавила дека на работното место во фризерски салон во Битола, таа и К.Т.(55) од Битола биле физички нападнати од Ѓ.Џ.(38) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола за настанот .








