Апла неофицијално дознава дека вечерва во Битола, криминалистичката полиција на СВР Битола, врши претреси на повеќе локации во Битола за поседување на дрога. Дознаваме дека полицијата апси дилери на локации кај поранешниот хотел Битола и дека е одземена дрога. За повеќе информации очекуваме официјална потврда од СВР Битола во текот на утрешниот ден.








