Интергрален текст од прес конференцијата на Елена Кромидаровска, советник на СДСМ
Директорката на Зоолошката градона, Елена Мирчевска веднаш да си поднесе оставка или градоначалникот Тони Коњановски да ја разреши од функцијата!
Два месеци Мирчевска е во “бегство” и не се појавува на работа. Надлежностите ги извршува од дома, а вработените и Управниот одбор се затечени од ситуацијата и вложуваат натчовечки напори да не дојде до целосен крах во установата.
Заради неспособноста на Мирчевска да менаџира со градината, за девет месеци колку што е директорка
угинаа 20тина животни, нема ниту една инвестиција и зоолошката е на прагот да биде затворена.
Ако Мирчевска нема доблест и не поднесе оставка, градоначалникот Тони Коњановски да не чека ниту ден повеќе и да ја разреши од функцијата. Приоритет на Коњановски треба да биде интересот на Битола и битолчани, а не односите со коалициониот партнер ПОДЕМ.
Ја повикуваме Агенцијата за храна и ветеринарство да направи вонреден инспекциски надзор врз работата на Зоолошката градина, особено во делот на условите за живот на животните сместени во установата.
Претседателката на Советот на Општина Битола итно да се заангажира за подобрување на состојбите во Зоолошката, со истиот жар како кога беше опозиционерка и бараше затворање на градината.
Минатата локална самоуправа предводена од СДСМ во Зоолошката градина вложи над 12.000.000 денари. Ја спаси установата од клуч на врата и го врати сјајот на едно од омилените места за релаксација и забава на граѓаните, особено на децата. ДПМНЕ и коалицијата и тоа го уништија.