2win800x200

Сообраќајна безбедност и заштита од пожари: МВР со едукативни активности на терен

Септември 21, 2023

Во текот на вчерашниот ден (20.09.2023) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Куманово беа реализирани превентивни активности претежно од областа на сообраќајот.

Во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен преку средби со граѓаните, сопственици или возачи на земјоделски машини – трактори и приклучна механизација, реализираа превентивно – едукативни активности во насока на внимателно и одговорно управување со овие средства по патиштата, а дополнително беше нагласена и важноста за техничката исправност на овие видови возила. Исто така, во Ресен беше реализирана и превентивна активност под мотото „И ти и јас сме пешаци“, којашто имаше за цел укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот – пешаците, особено повозрасните лица, а пак, во соработка со ЈП „Национални шуми“ беше спроведена едукативна активност за спречување на бесправната сеча на шуми во интерес на заштита на шумскиот фонд и избегнување на овој вид криминал.

На подрачјето на СВР Велес, поточно во Кавадарци, во близина на основните училишта, полициски службеници реализираа практична едукација со основците и децата од предучилишна возраст околу сообраќајните правила и прописи важни за нивната безбедност како пешаци, но и како корисници на велосипеди и тротинети.

Во Куманово, пак, полициски службеници од СВР Куманово, спроведоа превентивна едукативна работилница со ученици односно првооделенците од основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, исто така, од областа на сообраќајната безбедност. 

 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани