2win800x200

ЗАВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАЦИОТО ВО НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – БИТОЛА, ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА Smart4You2 ПРОЕКТОТ

Октомври 19, 2023

НУ „Завод и Музеј“ – Битола со настанот кој ќе се одржи на 19/10/2023 со почеток во 18:30 часот ја одбележува завршената реконструкција на Пациото во рамките на Smart4You2 проектот со што овој музејски простор го става на располагање на своите сограѓани и посетителите на Битола. Во овој простор за прв пат е поместен и лапидариум кој всушност претставува уште еден нов, изложбен простор, во кој посетителите за прв пат ќе може да видат дел од мермерните споменици и надгробни стели кои досега се наоѓале во музејските депоа.

Во овој простор се изложени дваесетина споменици кои биле откриени во различни временски периоди и на различни локалитети во Битола и битолско, а најголемиот дел од нив датираат од периодот помеѓу I-III век од н.е. Проектот Smart4You2 е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на третиот повик за предлози во рамките на Прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија во рамките на распределбите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за 2018 година – 2020 година. European Union cross border cooperation programme This project is funded by the European Union Главна цел на проектот е да ги развие туристичките потенцијали на прекуграничниот регион преку промоција на културното наследство и вредностите кои регионот ги поседува. Во согласност со своите тематски приоритети како и во согласност со постоечкото партнерство, овој проект претставува своевидно продолжение и надградба на културните и воедно туристички капацитети на прекуграничниот регион, но и надградба на партнерството во претходно реализираниот SMART-CUL-TOUR проект. На овој начин всуштост се врши капитализација на постигнатите резултати, унапредување на институционалните капацитети, но и подигнување на квалитетот и збогатување на содржините на туристичката понуда во предметните општини, и воопшто во регионот.

Во реализацијата на проектот Smart4You2 се вклучени вкупно пет партнери од двете соседни земјии тоа: 1. Општина Битола – Водечки партнер, Република Северна Македонија 2. Општина Пустец – Партнер, Република Албанија 3. НУ „Завод и музеј“ – Битола, – Партнер, Република Северна Македонија 4. Регионален директорат за културно наследство – Корча, – Партнер, Република Албанија 5. Младински културен центар Битола – Партнер, Република Северна Македонија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани