2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Полицијата расчисти шест тешки кражби во битолско, приведени се четири лица

Октомври 20, 2023
 
На 19.10.2023 во с.Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од с.Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила. Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани